Британија има највисока стапка на смртност од дрога

Лондон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Смртните случаи од предозирање со дрога во Англија и Велс се на највисоко ниво во историјата, а во Шкотска е највисока стапката на смртни случаи поврзани со дрога во Европа.

Во Англија и Велс во 2022 година се регистрирани вкупно 3.127 смртни случаи поради злоупотреба на дрога, што во просек е по осум смртни случаи дневно, објави „Скај Њуз“.

Околу 1.050 луѓе во Шкотска починале од злоупотреба на дрога во 2022 година, што е најмал број од 2017 година, но тоа е и натаму највисока стапка во Европа.

Канцеларијата за национална статистика (ONS) соопшти дека тие бројки сигурно се повисоки, бидејќи не секогаш се знае што ја предизвикало смртта.

Британската 10-годишна стратегија за борба против дрога е поддржана со рекордно финансирање од три милијарди фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот