Британците тврдат дека руската компанија Редут регрутира платеници, вклучително и поранешни „вагнеровци“

Вагнер во Украина /Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина наведува дека приватната руска воена компанија Редут регрутира платеници под маската на доброволци, меѓу кои има и поранешни вагнерци. Дирекцијата за разузнавање на рускиот Генералштаб (ГРУ) најверојатно ги надгледува и финансира активностите на групата, вклучувајќи го и нејзиното регрутирање.

Од почетокот на инвазијата на Украина, Редут учествуваше во борбени операции во областите на Доњецк, Харков, Киев и Луганск. Групата веројатно има повеќе од 7.000 луѓе. Во моментов, Редут е една од бројните единици и волонтерски корпус што ги користи руското Министерство за одбрана за зајакнување на руските редовни сили.

„Веројатно оваа практика на руското Министерство за одбрана да регрутира преку доброволни единици и овозможи на Русија да избегне понатамошни непопуларни мобилизации“, пишува британското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот