Брестовац: Не сум задоволен од пласманот, а навредите се бидејќи не играат татини синови

фото:РФМ

Македонската репрезентација на Македонија до 19 години го заврши настапот на Светското првенство на 13. позиција, по што селекторот Данило Брестовац, одлучи да даде свое видување за игрите и настапот на Мундијалот.

Селекторот се најде на удар на дел од ракометните стручњаци по поразот во осминафиналето од Португалија, а откако го заврши настапот на Мундијалот, одлучи да одговори на прозивките.

– Ме напаѓа еден поранешен ракометар затоа што син му не го викам во репрезентација. Неговиот син е на поширокиот список, но сметам дека не е сега за во тим. Тој може да ме напаѓа мене и да ми вели да го земам, ама ако не е подобар од друг на таа позиција како да го земам. Има и други што се лутат, ме напаѓаат и ме навредуваат.

Нека ме навредуваат, но тука никој не игра со врски, ракометарите доаѓаат од различни градови, од Ресен има тројца, од Струга има тројца, од Струмица, имаме и од други градови… Не заслужуваат да реплицирам на пораките и на сите работи што ги добивам на интернет. Тоа не е мој стил.

Пет години сум бил помошник кај Лино Червар, работев со Ивица Обрван во Шамбери. Со светски и европски прваци, со медалисти. Сум работел со капитени на Франција, секој тренинг ми го гледале и сега, мене некој што не излегол од Македонија ќе ми вели дека не го знам ракометот? Две години се мачам, од академии да направиме ракометари, па ме навредуваат. Две години не сум бил на одмор, се „печеме“ сите на 40 степени, за сега да дојде некој и да ми каже дај оставка“ – одговара Брестовац.

Селекторот во својата анализа за настапите на неговите избраници, изјави дека не е задоволен.

– Не сум задоволен од турнирот, знам дека можеме подобро. Целта ни беше осминафинале, а желбата беше пласман во четвртфинале. Против европските селекции и денеска против Аргентина одигравме добро, но не сум задоволен од останатите настапи.

Ни недостасуваше борбеноста, можеби немаше ниту вистинска хемија во тимот. Ракометарите посакуваа, имаа желба за подобар пласман и игри, но имаа некоја ментална блокада. Сепак, мислам ова 13. место е реален одраз за тоа каде се наоѓаме – вели Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот