Брестовац ги одреди патниците за Турција

фото:РФМ

Селекторот Данило Брестовац ги одреди ракометарите кои ќе настапат на гостувањето во Ескишехир против Турција во квалификациите за ЕП 2020 година кое се игра в среда.
Покрај Дејан Манасков кој беше најавено дека ќе ги пропушти двата натпревари на Македонија против Турција и Грција, од списокот на Бресотвац отпаднаа уште и Мартин Манасков, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски и Мартин Серафимов.

Селекторот се одлучи на Турција да и се спротивстави со Ристовски, Митревски, Лазаров, Маџовски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Стоилов, Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Талески, Кузмановски, Танкоски, Јагуриновски и Кукоски.

Македонија по четири кола има пет бодови со кои се наоѓа на првото место во групата заедно со Исланд и веќе си обезбеди пласман на ЕП 2020 кое ќе се игра во Австрија, Шведска и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот