Брестовац: Еден ден овие момци ќе се вратат многу посилни!

Данило Брестовац/фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Селекторот на селекцијата после раната елиминација од ЕП е свесен дека во иднина мора да се работи сериозно во обидот да се направи силна репрезентација.

Селекторот на македонската репрезентација видливо разочаран после настапот на Европското првенство 2020 кое го завршивме уште во прелиминарната фаза.

Данило Брестовац е свесен дека во иднина мора посериозно да се работи доколку сакаме да имаме една конкурентна и силна репрезентација на големите натпреварувања.

Пред настапот на континенталниот собир во Виена бевме загрижени поради повредата на еден од столбовите во одбраната, Велко Маркоски, но нашиот стратег истакнува дека на ова ЕП проблем претставуваше нападот.

– Немавме реализација при ситуација „6 на 5“, Австрија имаше поголемо трпение во текот на мечот и дојде до триумфот. Во иднина треба да се крене самодовербата кај младите играчи, да најдат мотивација и натаму да се повикуваат на репрезентативните повици. Верувам во догледно време ќе имаме една силна репрезентација и дека момци ќе се вратат посилни еден ден на големо натпреварување, и дека сигурно ќе значат нешто во европскиот и светски ракомет – вели Брестовац.

На ова ЕП за првпат учествуваа 24 репрезентации, останува во наредниот период да видиме на кое место ќе го завршиме учеството.

За играчите и стручниот штаб останува да се направи длабока анализа, Ракометната федерација на македонија им вети парична награда, но целта не беше реализирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот