Брера Струмица на самит во Лисабон со најголемите фудбалски клубови од Европа и светот

Брера единствен фудбалски клуб од Македонија на самитот во Лисабон, Португалија/фото: brerastrumica.com

Фудбалскиот клуб Брера Струмица доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон, Португалија.

На самитот клубот го преставуваа Леонардо Алеоти, член на сопственичката структура на клубот, и Јован Симиќ генерален директор на клубот.

На овој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер сити, Јувенутс, Рома, Челси, Севиља, Милан, Интер Мајами, Гремио, Ајакс како и други големи клубови.

Брера Струмица е единствен клуб од Македонија кој учествува на најголемиот состанок на професионални клубови од целиот свет.

Алеоти и Симиќ имаа болем број на состаноци на кои ја промовираа работата на клубот, но и компанијата „Брера Холдинг“. Направени се и важни контакти кои во иднина на струмичкиот клуб отвораат можност за соработка со најголемите светски клубои на повеќе полиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот