Бремената Ешли Грем гордо ги покажа стриите и несовршеностите на женското тело (ФОТО)

профимедиа

Ешли Грем во средата на Инстаграм откри дека е бремена, а вчера сподели голи селфи фотографии.

Ешли Грем е биг-сајз модел и таа никогаш не се срамела од своите облини, а сега покажа и дел од градите, рацете, половината, стомакот, задникот и колковите, а притоа воопшто не ги сокри своите стрии, туку целта и беше да ги нагласи несовршеностите.

View this post on Instagram

same same but a little different

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

– Исто, но малку различно, напиша Грем покрај фотографијата која сите фанови ја дочекаа со воодушевување бидејќи не беше фотошопирана.

View this post on Instagram

Can’t wait to meet you?

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

„Едвај чекам да станеш мајка и да научиш уште едно човечко суштество дека сите тела се прекрасни. Ќе бидеш сјајна мајка. Ти благодарам што си толку сурово искрена и реална. Поради ваквите фотографии повеќе го сакам и го прифаќам своето тело. Прекрасна си!“, и порачаа трогнатите пријателки во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот