Брејк на „металците“, МЗТ Скопје на само една победа од шампионската титула

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски во потрага по нов клуб/фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје победија на вториот натпревар во финалето од кошаркарскиот плеј-оф во домашното првенство со 91:95 над Еуро Никел и дојде на само една победа од нова шампионска титула, која би била осма во клупската историја.
Првата шанса за освојување на титулата, „металците“ ќе ја имаат за два дена и тоа на домашен терен во СРЦ „Јане Сандански“ додека Еуро Никел ќе се обиде да ја продолжи финалната серија.

Првата четвртина им припадна на кошаркарите на Еуро Никел кои постигнаа пет тројки и ја завршија со предност од осум поени (30:22).

Но како што поминуваше времето така и „металците“ влегуваа во свој ритам каде главниот зборго имаше одбраната која донесе загубени топки и доста промашувања на противникот. Таквата игра ја врати и резултаттската неизвесност бидејќи на одмор се замина со предност од само два поени на Еуро Никел (47:45).

Во третата четвртина и двете екипи имаа свои моменти, први кои се обидоа да се „одлепат“ беа кавадарчани кои направија плус осум (53:45), но МЗТ Скопје успеа да се врати и да ја задржи негативата од само два поени на влезот во последната четвртина.
Во последната четвртина блесна репрезентативецот Андреј Магдевски кој постигна девет поени по ред за својот тим и на една минута до крајот го однесе МЗТ Скопје на недостижни 83:91. До крајот МЗТ Скопје од линијата за слободни фрлања ја „зачува“ преднста и дојде до брејк кој може да им ја донесе титулата во наредниот натпревар кој се игра за два дена.
Роберт Рикиќ бешен најдобар во редовите на Еуро Никел со 31 поен и 12 скока, додека Дарко Соколов додаде 16 поени. Кај МЗТ Скопје, Бојан Крстевски даде 22 поени, Андреј Магдевски додаде 20 поени, а Хасани Гравет додаде 15 поени.

фото: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот