Бразилските власти: Упадот на екстремната десница во државните институции е терористички чин

Фото: Profimedia

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин” упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.

„Владата, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам на криминалците и пучистите, што се случија вчера во Бразилија„, се вели во заедничката изјава.

Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро вчера упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.

Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.

Бразилските безбедносни сили уапсија околу 1.200 луѓе поради упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Конгресот, Врховниот суд и во претседателската палата во Бразилија, јавува Би-би-си.

Болсонаро ја напушти земјата два дена пред крајот на неговиот мандат, бојкотирајќи ја инаугурацијата.

Се наоѓа во американската држава Флорида. Лула беше претседател на Бразил во два мандати (2003-2010).

Болсонаро замина во Флорида и остави хаос на улиците во Бразил, се чека одлука на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот