Бразилците посакуваат Мурињо да им стане селектор

Жозе Мурињо идната среда со Рома ќе игра во финалето на Лигата на конференции/ фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Жозе Мурињо беше поврзуван со селекторската функција во португалската селекција, па затоа на многумина им звучи нерелена веста дека денеска тој започна преговори со Бразилската фудбалска федерација.

„Кариоките“ разочараа на СП во Катар, Тите веќе си замина од кормилото, а Бразилците се решени да ангажираат врвен тренер со успеси на европската сцена, се со цел за четири години конечно да се вратат на тронот на светскиот фудбал. Прва желба им беше Пеп Гвардиола, но тој потпиша нов договор со Манчестер Сити, но челниците на федерацијата се надеваат на поголем успех во разговорите со Мурињо.

Италијанскиот весник „Ла Република“ тврди дека Португалецот не е најсреќен во Рома и покрај бројните засилувања што му ги донесе управата, па доколку добие богата понуда би можел да се пресели во Бразил. Тој моментно се наоѓа во татковината со семејството за време на божиќните празници, а истиот извор тврди дека претставници на Бразилската Федерација денеска ќе пристигнат во Португалија и веднаш ќе се сретат со Мурињо и со неговиот агент Жорге Мендеш.

Се очекува преговорите да траат подолго време, а Бразилците очекуваат конечен одговор до крајот на месец јануари. Како опција се споменува и завршување на сезоната на Мурињо како тренер на Рома, по што летово целосно би се фокусирал на селекторската работа со „кариоките“, а во меѓувреме да биде именуван привремен наследник на Тите од некој од членовите на стручниот штаб на екс-селекторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот