Бразил може да игра и без голман

Фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Бразил со денешната победа против Швајцарија (1:0) го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Во првото коло Бразилците ја победија Србија со 2:0 и со шест бодови мирно ќе го дочекаат натпреварот против Камерун, а после денешниот натпревар „Кариоките“ изедначија рекорд кој е виден само на Мундијалот во 1998 година.

Според официјалната статистика, Србија и Швајцарија во првите два натпревари не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Бразил. Заедно Србија и Швајцарија имале осум удари кон голот на Бразил, но ниту еден од тие удари не одел во рамките од голот.

Претходно ова се случило само на Светсткото првенство во 1998 година кога Франција во првите две кола не дозволи удар кон својот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот