ВИДЕО | Касемиро го одведе Бразил во осминафинале и ја израдува Србија

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Бразил не доминираше, но одигра толку колку што е потребно за да ја победи Швајцарија и да обезбеди осминафинале. „Кариоките“ славеа победа против Швајцарија со 1:0.

Ако првите два натпревари денес донесоа возбуда и многу голови, на оваа средба не беше така. Скоро и да не видовме некоја посериозна шанса во текот на целиот натпревар. Каков фудбал се играше доволно зборува фактот што во првиот дел најинтересен момент беше кога на стадионот на неколку секунди снема струја во финишот на првиот дел.

Не се променија многу работите во второто полувреме, Швајцарија беше повлечена на својата половина, додека Бразил имаше иницијатива, но без некои посериозни шанси за гол. Винисиус Жуниор ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР. Победата и осминафиналето за Бразил ја обезбеди Касемиро во 83. минута.

Победата на Бразил е од голема важност и за Србија на која и треба победа против Швајцарија во последното коло за пласман во осминафиналето, но и Бразил не треба да изгуби од Камерун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот