Братот близнак на Ештон Качер: Бев многу лут што зборуваше јавно за моето сериозно заболување без моја дозвола

Instagram
printskrin

Имено 43-годишниот Мајкл, кој воедно е и брат близнак на актерот Ештон Качер, страда од церебрална парализа. Тој се обидувал да го сокрие тоа до 2003 година, но неговиот брат ја откри тајната во јавноста.

Мајкл бил многу лут, но сега вели дека тоа е една од најдобрите работи што му се случиле.

Нивната мајка забележала проблеми во развојот на Мајкл кога имал 3 години, а потоа лекарите му дијагностицирале церебрална парализа. Како што вели, поради неговата попреченост, имал проблеми во создавање пријателства, но дека Ештон секогаш го бранел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Kutcher (@mkutch)

Ештон ме поддржуваше и ми помогна. Тој еднаш се спротивстави на децата кои ме навредуваа, тоа многу ми значеше“, раскажа Мајкл.

Качер прозборе за тоа дека сакал да ја сокрие својата болест и дека бил лут кога Ештон зборувал за тоа на државната телевизија без негова дозвола.

Бев лут. Многу лут“, изјави тој за „Today“, но како што вели, тоа било една од најголемите услуги што некој ги направил за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MilaKunis (@milakuniisx)

Тоа ми дозволи да бидам тоа што сум“, рече, додавајќи дека тоа влијаело и на неговиот животен пат.

Денес, Мајкл е среќно оженет и јавно ја претставува Фондацијата за церебрална парализа и е советник што им помага на семејствата да најдат помош за членовите на семејството со попреченост.

Го сакам тоа што сум и на колку луѓе сум им помогнал. Ништо од ова не би можел да го направам да ги немав овие препреки, или како што ги нарекувам, можности“, вели Качер.

Ештон истакна дека неговиот близнак го инспирира со сè што прави. Меѓу другото, Мајкл се залага за доброволно дарување на органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот