Браќата Њокас и официјално ракометари на тимот од Автокоманда : Кире ни кажа многу убави зборови за Металург

Кевин и Оливие Њокас наместо за Металург во новата сезона ќе настапуваат за Вардар/ фото: РК Металург

Тоа што се навестуваше неколку денови, денеска и официјално се оствари, баќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас од денеска и официјално се дел од Металург. Француските ракометари и долгогодишни репрезентативци потпиша двегодишни договори со тимот од Автокоманда.

Кевин Њокас (34 години) е десен бек, кој професионалната кариера ја почна во ПСЖ за кој играше од 2006 до 2012 година, а потоа играше и за Шамбери, Гепинген, Гумерсбах и последните три сезони го носи дресот на Бенфика.

фото: РК Металург

Оливие Њокас (34 години) е лев бек, кој исто така кариерата ја започна во ПСЖ, има играно и за Алкобендас, Кретеј, Балинген и последните пет години настапува за Нант каде соиграч му беше селекторот и капитен на македонска репрезентација, Кире Лазаров кој одигра важна улога во нивната одлука да дојдат во Македонија и да потпишат за Металург.
– За совет го прашав мојот соиграч Кире Лазаров кој ми кажа убави зборови за Металрг и ја олесни одлуката за да дојдеме во овој клуб. Преговорите траеа неколку месеци, но можам да кажам дека од првиот момент „клика“ меѓу нас и клубот. Претседателката стори се за да не донесе, а и ние прикажавме интерес за сега да сме тука – изјави Оливие Њокас на промоцијата.

Фото: РК Металург

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот