Брајант: Ќе биде се потешко за САД да доминира

Кошаркарите на САД со победата над Полска од 87:74 го освоија седмото место на Мундобаскетот во Кина.  Американците на СП во Кина дојдоа како бранители на трофејот и важеа за први фаворити се до моментот кога најголемите НБА ѕвезди почнаа да го откажуваат настапот за репрезентацијата, по што селекторот Попович мораше во Кина да дојде до 4. или 5. тим.

Во последниот настап на СП во Кина, во победата над Полска најдобар беше Донован Мичел со 16 поени, а 14 постигна Џо Херис, додека кај Полјаците, Матеус Понитка уфрли 18 поени.

Интересно видување за слабиот настап на САД на Мундобаскетот, даде амбасадорот на ова СП и еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант. Тој смета дека од година во година ќе биде се потешко за кошаркарите на САД да доминираат бидејќи квалитетна кошаркара се игра низ целиот свет.

– Во последно време често слушам прашања од типот дали го пративме најдобриот тим. Дури и ние на ОИ 2008 година моравме да одиграме фантастична последна четвртина за да ја победиме Шпанија. Доколку ги изведеме најдобрите кошаркари на теренот, повторно тоа нема да биде лесна и рутинска победа. Поминаа деновите како тие од оригиналниот „дрим тим“ од 1992 година. Едноставно низ целиот свет се игра квалитетна кошарка. Дојдовме до време во кое некои натпревари ќе ги добиеме но некои ќе ги загубиме – вели Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот