Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека не е оптимист за ситуацијата во Украина и верува дека Русија нема да преговара додека не победи во конфликтот со Киев.
– Гледам јасна решеност на Русија да победи во оваа војна. Русија нема да преговара додека не победи – изјави Борел на експертскиот форум во Барселона.
Тој додаде дека не е оптимист за тоа како може да се развие овој конфликт во текот на летото, но дека ЕУ треба да продолжи да дава воена помош за Украина.
Борел претходно во Брисел рече дека, иако продолжил да ја координира воената помош за Украина од Европската унија, тој не се чувствува како врвен дипломат на ЕУ, туку како „министер за одбрана на блокот“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фондот за здравствено осигурување влегува во штрајк кој ќе биде официјално најавен утре, а ќе почне од 1 јуни, потврдија за „Слободен печат“ три извори од ФЗОМ. Единственото нешто што може да го спречи „клучот на вратата“ на ФЗОМ од 1 јуни, е во текот на мај Управниот одбор да биде разрешен и да се …
„Се најавува помилување од кандидатката за претседател на осудените за 27 април, на која едно од главните ветувања е дека ќе се залага за правна држава. Дилемата е колку помилување на овие или кои било правосилно осудени лица е компатибилно или е во колизија со таа борба за правна држава“ рече новинарот и уредник на „Фокус“, Влатко Стојановски во утринската програма на …