Борбите со бикови, специфична босанска „корида“

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Во Босна и Херцеговина се одржуваат десетици борби со бикови – оваа традиција се негува стотици години. Во последниве години, многу здруженија за заштита на животните го критикуваа ова.

Сепак, борбите со бикови традиционално ги следат огромен број луѓе – за нив тоа е универзална прослава. Во боровите шуми, на ливадите во Босна и Херцеговина, рикаат бикови, се шири мирис на јагнешко месо и се слуша изворна или турбо фолк музика.

Борбите со бикови се еден од општествените феномени, но и феномен кој привлекува десетици илјади луѓе. Можам само да кажам дека од мај до крајот на годината нашата манифестација ја посетуваат од 700 до 850 илјади луѓе“, изјави Миленко Срдиќ, менаџер на настанот.

Многумина овде прават добар профит, и продавачите на деликатеси и оние што чуваат бикови, пишува во репортажата на Н1 БИХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот