Борбите со бикови се враќаат на најголемата светска арена во Мексико

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Во Мексико повторно ќе се одржуваат борби со бикови на најголемата светска арена, за прв пат по укинувањето на судската забрана.

Таканаречената „Фиеста Брава“, како што се нарекува борбата со бикови на шпански, ќе се врати на Плаза Мексико во главниот град Мексико Сити, почнувајќи од 28 јануари по пауза од речиси 600 дена, објавија организаторите во четвртокот.

Активистите за права на животните успеаја пред судот во јуни 2022 година привремено да ги прекинат борбите со бикови во главниот град на Мексико. Сепак, Врховниот суд ја укина суспензијата.

Противниците на борбите со бикови го осудија страдањето и убивањето на биковите користени во рингот.

Плаза Мексико има повеќе од 41.000 седишта, додека светски познатата Лас Вентас во Мадрид има нешто помалку од 24.000 седишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот