Бомбашки напад на судија, откажани сите натпревари на Кипар! (ФОТО)

фото: твитер

Фудбалските челници соопштија дека на таков чекор одлучија откако непознато лице подметна бомба под автомобилот на 33-годишниот судија Андреас Константину.

Фудбалската федерација на Кипар ги откажа сите првенствени натпревари после одлуката на судиите да не делат правда после бомбашкиот напад на еден од арбитрите.

Фудбалските челници соопштија дека на таков чекор одлучија откако непознато лице подметна бомба под автомобилот на 33-годишниот судија Андреас Константину.

Овој инцидент се случи во петокот наутро, а експлозијата предизвика огромна материјална штета.

Возилото беше паркирано пред зградата во која живее судијата, а истражителите посебно се интересираат за натпреварот Докса-АЕЛ, кој беше завршен со резултат 2:2. После тој меч првите луѓе на гостинската екипа изразија незадоволство од судењето на Константину.

Споменатиот судија делеше и правда на куп натпреварот помеѓу Аја Напа и Пафос, кој се наоѓа под сомнение дека бил наместен од страна на обложувачка мафија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот