Боливискиот претседател се изгубил во џунгла (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, беше изгубен во џунгла околу еден час додека ги придружуваше пожарникарите кои се борат со пожари.

– Имав мала авантура минатата вечер. Бев изгубен околу еден час, но благодарение на војниците, го најдов патот за назад, изјави со насмевка Моралес пред новинарите минатата ноќ.

Телевизијата Уно објави кратко аматерско видео во кое Моралес среде ноќ повторува „Каде сте? Каде сте?”

Претседателот се изгуби во шума недалеку од селото Каваљо Муерто, на истокот на земјата.

Моралес рече дека има 342 пожари во областа, двојно повеќе од претходниот ден. Пожарите од мај уништија 1,2 милиони хектари шума во Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот