Бојмацалиев најави дека 140 илјади обрасци за пасоши пристигнуваат во земјава

Стариот и новиот Mакедонски пасош/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најавува дека нови 140 илјади обрасци за патни исправи пристигнуваат во земјава, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85 илјади обрасци.

– Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на пат кон Република Северна Македонија. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600. Никој ниту сега ниту порано саботираше некого. Ние сме тука за нашите граѓани „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ”, вели Бојмацалиев во објава на Фејсбук.

Тошковски: Срамота е пасошот со старото име да важи во некои земји, но не и кај нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот