Бојко Борисов ни го честита пристапувањето во НАТО

Бојко Борисов/ Фото: Архива на Слободен Печат

Од денеска Република Северна Македонија е триесеттата земја членка на НАТО. Им честитам на нашите соседи за пристапувањето во Северноатлантскиот договор и очекувам внатрешните реформи во државата да продолжат, напиша на Фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов.

-Потребни се дополнителни резултати во зајакнувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите, реформа на безбедносниот систем како и приближувањето на вооружените сили кон стандардите на НАТО. Се надеваме дека заедничките активности меѓу нашите вооружени сили во рамките на НАТО ќе придонесат за развој на одбранбените способности и интероперабилност, како и да помогнат за развој на братските односи меѓу нашите две земји- напиша Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот