Богојески: Сега на Македонија и е потребно големо опозиционо организирање (ВИДЕО)

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ живее во абнормален свет. 100 пати повторив дека реформирањето требаше да заврши, изјави Богојески.

Поднесовме приговор вчера до ДИК и увид во сите неважечки ливчиња за да утврдиме колку од нашите гласови се претворени во неважечки ливчиња, истакна Петар Богојески лидер на Македонски концепт .

-Сето тоа е плод на заедничкиот труд на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Без разлика дали на нас ни беа претворени 3.000 или 6.000 гласови ни се претворени во неважечки факт е дека таа факторизација или бран на желба на граѓаните да направат избор помеѓу нормалното и ненормалното не помина на наше конто, туку на конто на Левица, што зборува за проблем кај дел од популацијата, односно со менталното здравје, изјави Богојески.

Но ако политичката сцена е гладна за политички кловнови, потенцираше тој, тогаш во ред. Но тоа не значи дека сите треба да станеме кловнови.

-Макеоднски концепт е бессмртна идеја. Сега на Македонија и е потребно големо опозиционо организирање. Сите оние работи кои ги зборувавме во врска со контролата на власта врз опозицијата се покажа како вистинито. Конечно треба да се освестат членовите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе повторам – потребно е силно опозиционо органиозирање во земјава. Јас сум песимист дека ВМРО-ДПМНЕ во себе содржи грам за било какво реформирање. Тоа е приватна компанија на едно лице со двајца советници, изјави Богојески кој додаде дека на идната влада и потребна сериозна опозициона кредибилна критика за да има контрола врз идните процеси.

-Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ живее во абнормален свет. 100 пати повторив дека реформирањето требаше да заврши, изјави Богојески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот