Богоев: Карпошани ќе одлучуваат за зонското паркирање

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев во изјава за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ рече дека иницијативата за зонско паркирање во општината дошла од граѓаните на Карпош 1 и Карпош 2.

– Повеќе стотици потписи дојдоа до мене а исто така има испратено и до ЈП „Градски паркинг“. Граѓаните бараат да се регулира паркингот за да може полесно да најдат место во околината на нивните домови. Претпоставувам дека една од причините поради кое е е дојдено ова е бидејќи „Рузвелтова“ е граница помеѓу општина Карпош и општина Центар, но исто така помеѓу платен и бесплатен паркинг. Па така имате луѓе кои работат во ПУИК, во поранешното СЈО, во Зоолошка, кои се наоѓаат во општина Центар а сепак паркираат од страна на Карпош, бидејќи паркингот е бесплатен – констатира Богоев.

Тој додаде дека во Карпош 2 проблемот се создава кај поранешно МИ-ДА, делумно поради луѓе кои работат а не живеат таму, но и поради студенти кои доаѓаат со нивните возила.

Анкетирањето на граѓаните од Карпош 1 и 2 ќе започне од среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот