Богдан Богдановиќ, репрезентативецот на Србија, одлучи од наредната сезона да ги брани боите на Атланта хокс.
Досегашниот играч на Сакраменто кингс потпиша договор на четири години, соработката е вредна 72 милиони долари.
Србинот ќе се пресели во Источната конференција во клуб со големи амбиции да се пласира во НБА плеј-офот.
Претходно Хокси ги ангажираа уште Данило Галинари, Крис Дан, Ражон Рондо и Соломон Хил.
Богдановиќ во најсилната лига на светот има 209 одиграни натпревари со просек од 13,5 поени, 3,2 скока и 3,5 асистенции по меч.
Join us in welcoming @LeaderOfHorde to the 🅰️!#TrueToAtlanta pic.twitter.com/NR4JkixSPA
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) November 25, 2020