Бочварски за Штип: Таргетиран е проблемот, затворањето на градот би донел последици врз економијата и здравјето (ВИДЕО)

Вклучен е алармот за преземање мерки. Затворена е една компанија во која се рашири КОВИД-19, наш предлог како град беше дополнително да се затворат уште текстилни фабрики. Таргетиран е проблемот и затворање на градот би донел дополнителни последици како врз економијата, така и врз здравјето. Сметам дека престрога мерка би бил карантин на градот, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Сепак, доколку вирусот продолжи да се шири, ќе мора да се превземат дополнителни мерки.

-Но доколку КОВИД-19 продолжи да се шири, ќе мора да се врати полицискиот час и карантинот. Болеста е таква што сите мора да ги почитуваат мерките и да не се дозволи опуштање на поединци кои го доведуваат во опасност сопственото и здравјето на останатите, изјави Бочварски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот