Бочварски: Kапиталните проекти се приоритет, на терен се работи со силно темпо

Благој Бочварски
Благој Бочварски, министер за транспорт / Утрински брифинг

Реализацијата на капиталните проекти, преку изградба и реконструкција на патната мрежа, комуналната инфраструктура и железницата, останува силен фокус на Министерството за транспорт и врски. Во 100-те денови од Владата, се заврши со изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Радовиш инвестиција од 23 милиони евра, истакнува министерот за за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој посочува дека се завршени сите инфраструктурни проекти на автопатот Кичево – Охрид кои беа неохподни за продолжување на сите дополнителни работи со што се овозможи силен фронт за работа на терен. Активно се работеше и на изградба на автопатската делница од Граничниот премин Блаце до село Блаце.

– Во делот на експресните патишта интензиво се работеше на експресниот пат Градско-Прилеп, потоа од Курпиште до Кочани и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со вкупна инвестиција од 135 милиони евра. Во овој период започнавме со изградба на регионалниот пат Извор до Гарски мост, реконструкција на превојот Плетвар, како и рехабилитација на неколку други патни правци. Со проектот за „Поврзување со локални патишта”, распишавме јавен повик за рекнструкција на 17 локални улици во 10 општини со вкупна инвестициона вредност од 5 милиони евра, вели Бочварски.

Во делот на комуналната инфраструктура, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како што истакнува министерот, започната е реконструкција на водоводи и канализациони системи во Кавадарци, Гевгелија, Штип, Валандово, Струмица и Крива Паланка. Додава дека континуирано се работи на реконструкција на водоводни и канализацони линии и во други општини преку заемот од Европската Инвестициона Банка. Интензивно се гради и браната Отиња.

-За згрижување на социјално ранливите категории граѓани, во првите 100 дена, започнавме со изградба на социјални станови во Пехчево и Сарај, а ги завршивме социјалните згради во Неготино и Демир Капија. Започнавме со распределба на 70 станови во Гостивар, вели Бочварски.

Во рамките на преговорите на мешовитите комисии меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, како што посочува министерот, зголемени се квотите за дозволи за и од трета земја со што е унапреден товарниот транспорт и е воведена авиолинијата Софија-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот