Блинкен ги оцени изборите во Русија како недемократски

U.S. Secretary of State Antony Blinken

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен смета дека претседателските избори во Русија поминале во атмосфера на „репресија на независните гласови, смрт или егзил на речиси целата вистинска политичка опозиција“.

„Кремљ систематски ги маргинализира групите што се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и набљудувачи на изборите. Руските власти исто така одбија да регистрираат антивоени претседателски кандидати под лажни изговори и не ја поканија Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа или која било кредибилна меѓународна организација да го набљудува гласањето“, се вели во реакцијата на Блинкен.

Тој додаде дека овие потези илустрираат „до кој степен Кремљ им скрати на своите граѓани транспарентен и значаен демократски процес“.

„Во овој контекст, овие избори може да се опишат само како недемократски“, рече американскиот државен секретар.

Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори одржани од 15 до 17 март, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави руската Централна изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот