Благоја Милевски ќе биде наследникот на Ангеловски

Фото: ФФМ

Игор Ангеловски по доаѓањето на селекторската функција успеа да го врати Горан Пандев во репрезентацијата, а по натпреварот со Холандија на Евро 2020 и двајцата си заминуваат од националниот тим.

Игор Ангеловски вчера за последен пат ја предводеше фудбалската репрезентација на Македонија против Холандија во рамки на Европското првенство. Договорот кој Ангеловски на почеток од годнава го потпиша заврши со последниот настап на фудбалерите на Евро 2020, а нов селектор се очекува да биде предводникот на младата репрезентација Благоја Милевски.

Ангеловски во 2015 година седна на клупата на репрезентацијата и првиот потег кој го направи беше да го врати Горан Пандев во репрезентацијата, а вчера двоецот кој го одбележа најуспешниот период во репрезентативниот фудбал во историјата на Македонија си замина заедно по последниот натпревар на ЕП.
– Сакам да изразам голема благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, до фудбалерите, предводени од Горан Пандев, до вас новинарите и конечно до моето семејство. Ова се моменти што ќе ги паметам цел живот..Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство. Ова е мојата последна прес конференција – изјави Ангеловски по натпреварот со Холандија.

Ангеловски ја имаше последната прес конференција како селектор на репрезентацијата!

Наследникот на Ангеловски го навести првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини кон крајот на минатата година кога траеја „игрите“ околу новиот договор на селекторот. Во тие моменти беа како дел од „игрите„ беа лансирани неколку странски имиња како потенцијални наследници на Ангеловски доколку не се изнајде договор, но Сејдини во јавноста тогаш изјави дека природниот наследник на Ангеловски ќе биде Благоја Милевски, селекторот на младата репрезентација.
– Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Се појави шпекулација и со Просинечки, ама сакам јавноста да знае дека прво ќе разговараме со Ангеловски. Ако не се согласиме, мислам дека цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски – изјави Сејдини кон крајот на минатата година.

Благоја Милевски е логичниот избор за наследник на Ангеловски, во два наврати е предводник на младата репрезентација, (2014-2018 и 2019-) и под негова палка младата гарда на репрезентацијата како Барди, Елмас, Николов, Чурлинов, Бејтулаи… станаа стандардни во сениорскиот тим. Згора на тоа, Милевски во 2017 година со младата репрезентација играше на Европското првенство, што е уште една потврда дека тој е идеалниот наследник на Ангеловски.

Пандев: Им го отстапувам местото на помладите, треба повеќе вакви натпревари и повеќе искуство!

ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!

ВИДЕО: Голем гест од Холандија – ѕвездата на Ливерпул Вајналдум со специјален дрес за Пандев!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот