Пандев: Им го отстапувам местото на помладите, треба повеќе вакви натпревари и повеќе искуство!

epa09291295 North Macedonia players honor Goran Pandev as he is substituted during the last game in his career during the UEFA EURO 2020 Group C match between North Macedonia and the Netherlands at the Johan Cruijff ArenA in Amsterdam, Netherlands, 21 June 2021. EPA-EFE/Pieter Stam de Jonge

Македонската репрезентација со пораз од Холандија на арената „Јохан Кројф“ го заврши настапот на Европското првенство. Нашата селекција загуби со 3:0 на последниот натпревар во репрезентативниот дрес за капитенот Горан Пандев.

За Пандев ова беше 122 натпревар во дресот на Македонија. Со стоечки овации беше испратен од навивачите на арената во Амстердам:

– Овој натпревар ќе остане во вечно сеќавање во мојата кариера, во мојот живот, бидејќи направивме нешто што цела Македонија ја направивме горда, среќна. После 30 години едноставно играме на едно големо натпреварување, на ваков амбиент, на вакви стадиони. Мислам дека оваа генерација заслужи да игра.

Не само на овој меч, туку и на почетокот на ова Европско првенство работеа емоциите, но ова навистина беше посебен натпревар, 100% не бев фит, подготвен, играв со повреда, инјекции, но преголема беше кај мене желбата да го одиграм овој натпревар. Се заблагодарувам на сите, на селекторот, на сите мои колеги, на сите што беа со нас овие 20 дена, овие 20 дена кои ќе останат во вечно сеќавање – се зборовите на Пандев за uefa.com

Пандев доби прашање дали ќе се прости во Скопје против Германија пред полн стадион во рамките од квалификациите за Светското првенство Катар 2022, еве што одговори:

– Не, ова е за мене крај. Да бидам искрен, не знам што можам повеќе да дадам. Го дадов максимумот, го оставив срцето на терен и мислам дека повеќе од ова Горан не може да даде. Им го отстапувам местото на помладите, свесен дека овие момци располагаат со голем квалитет и треба само повеќе вакви натпревари и треба повеќе искуство и мислам дека оваа генерација може уште повеќе да ја радува македонската јавност – додава Пандев.

Трстена: Така е во спортот, понекогаш не оди како што сакаме ние!

Видео на денот