Ангеловски ја имаше последната прес конференција како селектор на репрезентацијата!
Вчера Игор Ангеловски потврди дека му завршува договорот со ФФМ, а после натпреварот со Холандија изјави дека денеска ја имаше последната активност со македонската А репрезентација.
Нашите најдобри фудбалери загубија убедливо со 3:0 во Амстердам и го завршија дебитантскиот настап на последното четврто место во групата „Ц“ без бодови.
Ангеловски вели дека сега не е моментот да се даде генерална оценка, тоа ќе се направи откако ќе се намалат емоциите:
– Сакам да изразам голема благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, до фудбалерите, предводени од Горан Пандев, до вас новинарите и конечно до моето семејство. Ова се моменти што ќе ги паметам цел живот..Среќен сум што испишавме историја и ја однесовме Македонија на Европското првенство. Ова е мојата последна прес конференција – изјави Ангеловски.
Останува да се види сега во следниот период како ќе реагираат од Фудбалската федерација на Македонија, дали наскоро ќе го дознаеме наследникот кој треба да ја води селекцијата во квалификациите за следното Светско првенство.
ВИДЕО: Холандија без грешка, Италијанците во осминафиналето против Австрија!
ВИДЕО: Ти благодариме Пандев, и Снајдер со аплаузи за македонската фудбалска легенда!