Битола живее за нова историска победа во ЛШ

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Денеска од 17.00 часот во салата „Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Работник ќе го игра четвртиот натпревар од групата „Ц“ во ракометната Лига на шампионите, а нов ривал е финскиот клуб на Кокс.

Тренерот Стевче Алушовски не може да смета на услугите на повредените Стјепановиќ и Јотиќ и како што самиот признава без нив ќе биде исклучително тешко да се игра.

– Доколку не сме максимално сериозни ќе имаме големи проблеми. Не сакам да звучам песимистички, но претпазлив сум и заради заморот, повредите и патувањата – вели Алушовски.

Составот на Еурофарм Работник за денешниот меч: Чурлевски, Ѓукиќ, Граџан, Јотиќ, Кукоски, Кузманоски, Маџовски, Митревски, Ојлески, Отроушко, Петровски, Радовиќ, Шевелев, Трајковски, Вегар, Велковски.

Во првите три кола битолчани претрпеа тесни порази од Спортинг (29:30), Савехоф (25:24) и Бидасоа Ирун (25:24), а Кокс кој има една победа е можеби најголемата шанса за прва победа на Еурофарм Работник во дебитантската сезона од ЛШ.

Долг период Битола чека на нов триумф во најквалитетното европско клупско натпреварување, последен пат тоа се случи на 8 октомври 2005 година кога Пелистер со 30:27 славеше против Кадетен Шафхаузен од Швајцарија во тогашната именувана сала „Младост“, сега „Боро Чурлевски“.

Кога сме веќе кај Пелистер, сезонава уште во второто квалификациско коло од ЕХФ Купот го заврши настапот со два убедливи порази од швајцарскиот Винтертур (16:39, 21:33).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот