Бирлајн разочарана од дебатата за проширување на ЕУ

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн е разочарана што на Самитот на ЕУ не е донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, ниту за безбедноста во регионот.

-Тоа е за жалење. Австрија и другите земји се залагаа за почеток на пристапните преговори- кажа Бирлајн пред почетокот на вториот ден од Самитот во Брисел.

Таа смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите на ЕК и дека имаат право на пристапни преговори.

-Одлуката не е донесена поради одредени држави. Сметам дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, како и за безбедноста во регионот- порача Бирлајн.

Таа, наведе, дека денеска разговарала со премиерите на Северна Македонија и Албанија кои и пренеле дека се разочарани.

-И тие се многу разочарани. Ги уверив дека и понатаму ќе ги поддржуваме- кажа Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена поради, како што пренесуваат австриските медиуми, противењето на претседателот на Франција Емануел Макрон, а Албанија ја „блокирале” премиерите на Данска и Холандија, Мете Фредериксен и Марк Руте. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот