Бил Гејтс стана сопственик на 100.000 хектари земјоделско земјиште: Веднаш почнаа шпекулации за неговите намери

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс неодамна стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во САД, со дури 100.000 хектари обработлива земја во свое сопствеништво.

Бидејќи Гејтс е во центарот на вниманието на медиумите, шпекулациите за неговите понатамошни планови започнаа да се појавуваат речиси веднаш и се однесуваат најмногу на производство на нови ГМО култури, отпорни на климатските промени.

Гејтс веќе со години се занимава со земјоделство, а неговата фондација од 2008 година учествува во програми поврзани со земјоделство.

Со неодамнешното купување на земјоделско земјиште Гејтс стигна до вртоглава бројка од речиси 100.000 хектари обработлива земја во дури 18 американски сојузни држави, а пресметано в оквадратни километри станува збор за 1.000 квадратни километри. Таа бројка го направи новиот најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка. Најголема површина на земја има во Луизијана, а следни се Арканзас и Небраска.

Земјата е во директно сопствеништво или во рацете на компании кои се поврзани со инвестициската фирма на основачот на Микрософт.

На многу им делува необично дека човекот кој стои позади една од најголемите технолошки фирми на светот е и најголем сопственик на земјоделско земјиште. Но, уште од 2008 година Бил и Мелинда Гејтс објавија дека ќе дадат повеќе од 300 милиони долари за промоција на малите земјоделци во Африка и Азија. Нивната хуманитарно-инвестициска окомпанија вложува и во развој и ширење на „супер посеви“ отпорни на климатски промени и во млечни крави кои произведуваат големи количини млеко. Овие проекти не останаа незабележани – и многумина го обвинија Гејтс за агресивно промовирање на ГМО култури, на штета на традиционалните локални култури.

Дали Гејтс ќе ја искористи цела „новокупена“ земја, односно за што ќе ја искорити, се уште не се знае. Многумина се надеваат дека ќе се користи во согласност со прокламираните вредности на нивната основа за одржливо и еколошко производство и слични цели, но многумина се плашат дека на тие 100.000 хектари ќе се одгледуваат ГМО култури, пренесува „Јутарњи лист“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот