Бесплатна вакцина против сезонски грип примиле 9.815 граѓани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вакцина против сезонски грип во државава заклучно со вчера примиле 9.815 граѓани кои закажале термин преку избран лекар (матичен лекар). Од нив, 2.103 се од Скопје. Вакцинацијата против сезонски грип се одвива согласно утврдените планови, а во согласност со утврдените ковид протоколи за временска и физичка дистанца меѓу пациентите, покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин”, информираат од Министерството за здравство.

Вакцини има за сите, посочуваат од Министерството и додаваат дека секој петок од тековната недела се отвараат термини за вакцинација преку системот „МојТермин”.

За оваа сезона на грип се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40 отсто се зголемија количините, потенцираат од Министерството и апелираат граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот