Беше 23-та жена на шеикот, а сега ја открива вистината: Сфатив дека за сите тие години не сум живеела! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Балканските медиуми пишуваа за босанската пејачка Алма Туцаковиќ кога се омажи за шеик и во Дубаи започна живот со него, но и со неговите 23 жени.

Меѓутоа, вистината е поинаква. Алма навистина се преселила во Дубаи, но од шеикот ни трага ни глас. Иако претходно во медиумите се појавуваа нејзини изјави дека ужива во богатство, таа сега тврди нешто друго.

– Луѓето се луди… до шеикот не може да стигне ни неговата родена мајка – изјавила Алма за „Блиц“.

Алма изјавила дека во Дубаи заминала да ја заврши школата за шминкање и менаџмент и дека едно време работела како менаџер на салон.

– Секогаш мојата желба била да се занимавам со шминкање. Завршив многу едукации за шминка и коса, нормално во Дубаи. Покрај тоа завршив и менаџмент и водев салон. Така да заплеткав прсти секаде и еден ден кога ќе отворам свој бизнис ќе ми биде многу полесно. Имам уште неколку работи да завршам и ќе бидам подготвена за се тоа. Се ќе биде врзано за убавина и здравје. Се разбира, секој процес на изградба трае и јас сум среќна што се оди како што треба.

Оваа поранешна пејачка вели дека се откажала од пеење, бидејќи ја изморувале честите патувања поради настапите.

– Пред 10 години се занимавав со народна музика. Завршив нижо и средно музичко училиште и музиката ми е во крв. Кога во една прилика се вратив од Австралија, која ме исцрпи, сфатив дека немам сила да продолжам и морав да одлучам. Милиони причини имаше, а еден од најлошите е што сама на себе си го искривував патот. Бев многу изморена и тешко е да се издржи тој хаос ако не користи алкохол и наркотици. Никогаш не сакав такви работи и морав да донесам одлука дека мојот живот е многу поважен од она за кое денес многумина ја продаваат душата на ѓаволот само поради интерес – зборув Амела и додава:

– Кога дојде време мојот син да оди на школување во Шведска, јас одлучив да одам на другиот крај од светот кој ќе нема допирна точка со моето минато, а ни со стилот на живот. За тоа се одлучив за Дубаи. Ми беше тешко на почетокот, бидејќи морав да почнам од почеток, училиште, работа, други луѓе, обичаи. Мислам дека се ослободив од материјализмот, оптереноста, комплексите… Купување брендови. Не сум веќе дел од тоа и не сакам да бидам. Многу сум среќна со едноставното. Важно ми е да јадам здраво, да спијам, да не летам од еден крај на друг на светот… Мразам авиони и се тоа беше преголема цена за моето здравје, бидејќи не сме сите родени за глуп живот… Реалноста е многу поинаква и за тие сите години сфатив дека не сум живеела – рекла Алма за „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот