Фото: mkd.basketball

Берокал: Победата над Луксембург е важна за почетокот на овој проект

Во третиот натпревар од групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, машката кошаркарска сениорска селекција на Македонија извојува победа над Луксембург од 79:70.

И по три одиграни кола, „црвено-жолтите“ имаат максимален ефект, три игри, три победи, доволно за прво место на табелата.

Ова беше и триумф на дебито на новиот селектор Жозеп Марија Берокал:

– Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само четири дена што не е лесно и за мене како тренер и за тимот. Имаше добри работи, како трчањето и одбраната. Но имавме и падови во играта што не смеат да ни се повторат.

Им честитам на играчите поради тоа што немавме доволно време да се вклопиме. Сакам да играме добра одбрана, не е лесно да се игра 40 минути на тоа ниво, но тоа е нашата цел. Задоволен сум од пристапот на играчите бидејќи главно го исполнија она што го побарав од нив. Треба само да го зголемиме бројот на добри минути во играта, да ја движиме подобро топката и да играме како тим, а не индивидуално – рече Берокал по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот