Берлускони ќе донира 10 милиони евра за болниците во Ломбардија

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италијанскиот милијардер и поранешен премиер Силвио Берлускони ќе донира 10 милиони евра за областа Ломбардија, која е најтешко погодена во Италија од пандемијата на Ковид-19, со што ќе се обезбедат дополнителни болнички кревети за интензивна нега, соопшти денеска неговата партија „Форца Италија”.

– Силвио Берлускони одлучи да и донира на покраината Ломбардија десет милиони евра, потребни за опремување на одделот за интензивна нега со 400 кревети, објави партијата.

Според бројот на заразени и починати луѓе од коронавирус, Италија е водечка земја во Европа, односно втора во светот. Досега во земјата од новиот вирус починале над 2.100 лица, а околу 28.000 се заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот