Берлин ја поздрави поддршката на Пекинг за реструктуирање на долгот на Г20

Кристијан Линднер/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија ја поздрави поддршката од страна на Кина која таа ја понуди за реструктуирање на долгот на Г20 за посиромашните земји во заедничката изјава по нивниот финансиски дијалог во Франкфурт за време на викендот, пренесува Ројтерс.

„Го поздравуваме фактот дека и кинеската страна е посветена на ова во нашата заедничка изјава, бидејќи решенијата се незамисливи без Кина како толку важен играч во светската политика“, рече во неделата германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, по неговиот состанок со кинескиот вицепремиер Хе Лајфнг.

Ниту еден не даде дополнителни детали околу правилата за плановите за реструктуирање и во заедничката изјава не се дадени конкретни детали.

Некои земји, како што е Германија, тврдат дека со оглед на тоа што Кина е убедливо најголемиот доверител за многу високо задолжени земји во Африка и Азија, Пекинг треба да направи отстапки за да го забрза реструктуирањето на долгот.

За време на разговорите во неделата, Германија и Кина, исто така, ја покажаа својата решеност да ги прошират можностите за пристап до пазарот меѓу двете земји.

„Ова создава можности на двете страни за поодговорна трговија и инвестиции“, рече во неделата германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

Кина е подготвена да работи со Германија за понатамошна „заемна корисна“ соработка и да внесе повеќе „позитивна енергија“ во нивното партнерство, објави во неделата официјалната новинска агенција Синхуа, цитирајќи го Хе.

На третиот финансиски дијалог меѓу Берлин и Пекинг присуствуваа високи претставници на централните банки и надзорните органи на земјите, како и претставници на неколку компании.

„За мене е важно да нагласам дека за прв пат во историјата на финансискиот дијалог формиравме Финансиска тркалезна маса со претставници на важни финансиски институции и приватни компании“, рече Линднер.

Линднер предложи да се зголеми зачестеноста на финансиските дијалози меѓу Кина и Германија, овие состаноци да се одржуваат годишно наместо на секои две години, бидејќи и двете земји сакаат побрз напредок. „Во политиката, две години се долго време, но во финансиските прашања, две години се вечност“, рече Линднер.

Состанокот се одржа во Франкфурт, бидејќи Германија сака дополнително да го зајакне овој град како европски центар за финансиски услуги, рече министерот за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот