Бензема и Ал-Итихад без полуфинале на Светското клупско првенство

фото: EPA-EFE/STR

Фудбалерите на Ал Ахли обезбедија пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство откако со 3:1 го совладаа Ал-Итихад.

Египќаните поведоа во 21 минута со голот на Малул, а екипата од Саудиска Арабија имаше шанса во 45 минута да дојде до израмнување, но најголемата ѕвезда на тимот Бензема не беше прецизен од белата точка.

Ал Ахли во вториот дел за три минути постигна уште два гола преку Ел Шахат и Ашур, а во финишот од средбата Ал-Итихад успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Бензема во 92 минута.

На 18 декември Ал Ахли во првото полуфинале во Џеда ќе ги одмери силите против бразилскиот Флуминенсе.

Еден ден подоцна ќе биде и второто полуфинале во кое најголемиот фаворит за трофејот Манчестер сити ќе игра против јапонската Урава која претходно го елиминираше мексиканскиот Леон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот