Бензема би можел да заврши зад решетки!?

фото:Twitter/realmadrid

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема би можел да заврши зад решетки, доколку биде прогласен за виновен за соучесништво во обид за уцена, откако француското обвинителство поднесе барање за поведување кривична постапка, информира АФП.

Да потсетиме, во 2015 година, играчот на „кралевите“, заедно со Џибрил Сисе, беше уапсен за уценување на соиграчот од репрезентацијата на Франција, Метју Валбуена со секс-снимки.

Според обвинението, Бензема и Сисе пронајдоа снимки од секс со непознато лице во телефонот на Валбуена. Тие му закануваа дека ќе ги објават снимките доколку тој не им исплати одредена сума пари, а Бензема беше тој што ја водеше операцијата.

Поради овој скандал, Бензема го загуби местото во француската репрезентација и селекторите не го повикуваа со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот