Белупо, Крка, ЈГЛ и Сандоз пријавија недостиг на лекови за смирување

лекови

Во последните денови неколку фармацевтски компании во Хрватска пријавија недостиг на антипсихотици, лекови кои влијаат на нервниот систем. Така, Kрка-фарма пријави таблети Хелекс СР од 1 мг со прилагодено ослободување на активната супстанција алпразолам. Причините се поврзани со производството, а не се знае кога повторно ќе се произведува.

Хелекс СР припаѓа на група на лекови кои се користат за ублажување на анксиозноста. Лекот е наменет само за краткорочна употреба. Копривница Белупо, пак, најави недостиг од два свои антипсихотици. Едниот лек е Кју-Пин СР 50 мг таблети со продолжено ослободување, а причините се поврзани со производството. Лекот ќе биде достапен до крајот на март. Недостига и Ваира-В 5 мг на Белупо и ќе го нема до 29 март. Исто така е антипсихотик кој се користи за лекување на шизофренија и депресија. Минатата недела лабораторијата Јадран галенски од Риека објави дека има недостиг на таблети Темелор од 2,5 мг од активната супстанција лоразепам.

Причината е неочекувано зголемена побарувачка. Лекот нема да се најде на пазарот до 25 март. Малку порано, фармацевтскиот гигант Сандоз исто така пријави недостиг на филм-обложени таблети Санвал од 10 мг, 20 и 30 таблети во блистер пакување и тоа до крајот на април. Санвал припаѓа на групата лекови наречени хипнотици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот