Белорусија на полноќ ги затвори границите: Забранет влез за странци, дозволен транзит за Руси

Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Белорусија од полноќ ги затвори своите граници за странски државјани заради сузбивање на епидемијата на коронавирус.

– Белорусија од 1 ноември го суспендира влезот во земјата за странски државјани и лица без државјанство на граничните премини во патниот, во железничкиот и во водниот сообраќај, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот”, се вели во соопштението на државната комисија.

Ограничувањата не се однесуваат на руските граѓани кои транзитираат низ Белорусија на пат кон Русија, пренесува агенцијата ТАСС.

Вчера во Белорусија беа регистрирани 983 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени достигна 98.500.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот