Белгија прогласи нов „локдаун” до 25 април

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Од петок до 25 април, Белгија повторно се затвора за да спречи трет бран од ковид-19.

Сите епидемиолошки индикатори се зголемуваат веќе неколку недели, поради ова владата одлучи денеска дека е важно да се прогласи нов строг „локдаун” до 25 април, период што се совпаѓа со велигденските празници во Белгија.

Училиштата ќе бидат затворени до 19 април. Отворени остануваат само есенцијалните продавници, сите други ќе смеат да работат само со закажување, сите професии кои подразбираат контакт се затвораат исто така, како што се фризерите и козметичките салони.

Работата од дома станува повторно задолжителна, со построги контроли во фирмите, додека не смее да се собираат повеќе од четири лица на едно место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот