Белгија надмина 100 илјади заразени со коронавирус

epa08667697 A traveler leaves the Covid-19 test centre at Brussels Airport in Brussels, Belgium, 14 September 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгија денеска надмина 100 илјади случаи на инфекција со новиот коронавирус, според податоците на Институтот за јавно здравје Сиенсано, пренесе Бета.рс.

Таа земја со 11,5 милиони жители забележа пораст на вкупно 100.748 случаи со ковид-19 и 9.944 смртни случаи денеска, откако значително го зголеми бројот на тестови.

Белгија, заедно со Шпанија и Шведска, е во водечката група на европски земји со најмногу заразени. Овој викенд, бројот на заразени е 8.600 на милион жители, додека во Франција е 6.800, според податоците собрани од АФП.

Иако растот на инфекцијата беше рамен во јуни, Белгија имаше 40.000 нови случаи во текот на трите летни месеци, а скокот на бројката започна кон крајот на јули.

Според Институтот, растот на бројот на заразени пациенти значително се забрзал во првата половина на септември, достигнувајќи во просек илјада нови случаи секој ден од 9 до 15 септември, со 32.255 тестови на ден, односно со позитивна стапка од 3,4 проценти.

Овој број на инфекции претставува скок од 77 проценти во споредба со претходната недела кога имаше 600 случаи на ден.

Само на 14 септември дијагностицирани се 1.717 случаи. Ова зголемување на инфекциите во месец септември не беше придружено со нов скок на смртност, бидејќи огромното мнозинство на позитивни тестови беа кај лица помлади од 60 години, објаснуваат експертите. Кривата на хоспитализација се забрзува, а кривата на смртност останува релативно рамна. Во последниот месец имало помеѓу два и пет смртни случаи на ден.

Сепак, со вкупно скоро 10.000 смртни случаи, Белгија е една од европските земји која е најпогодена од пандемијата.

Извор: Бета.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот