Бела торта (РЕЦЕПТ)

Состојки:

За тестото:

10 белки

500 грама шеќер во прав

2 лажици оцет

5 лажици гриз

За првиот фил:

10 жолчки

15 лажици шеќер

7 лажици брашно

500 милилитри млеко

200 грама путер

200 грама маргарин

200 грама  мелени лешници

600 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ги белките заедно со шеќерот и со оцетот. Препорачливо е при матење на белките, секогаш да ставате алкохолен оцет бидејќи тој помага во добивањето на поцврст снег од белки. Откако ќе ја добиете потребната структура, полека со помош на лажица додавајте ги сите потребни состојки за подготовка на пандишпанот.

Вака подготвената смеса, ставете ја да се пече во правоаголна тепсија, во претходно загреана рерна на 150 степени околу 30 до 35 минути. Дали тестото е печено, проверувајте со помош на дрвена чепкалка.

Кога тестото ќе биде готово, оставете го да се излади и пресечете го во должина за од него да добиете два пандишпана.

Кога тестото е подготвено за да го филувате, почнете со подготовката на филот. Во подлабок сад, со помош на миксер на најголемата брзина, обидете се колку што е можно повеќе, пенесто да ги изматите жолчките заедно со шеќерот и со млекото.

Кога ќе добиете цврста пена, ставете ја добиената смеса да се вари на пареа. Додека трае подготовката на жолчките, убаво со миксер изматете го и путерот и маргаринот. Кога сите намирници ќе бидат подготвени, измешајте ги.

Додавајте ги состојките една по една, притоа мешајте со помош на дрвена лажица. Во подготовката на филот, изоставете да ја ставите само слатката павлака.

Во соодветен сад, ставете ја едната кора, а потоа убаво филувајте ја со една половина од добиениот фил. Врз него додајте го вториот пандишпан и врз него додајте ја втората половина од филот. Убаво измазнете ја целата површина на тортата.

Добиената торта, ставете ја да отстои во фрижидер најмалку еден час за убаво да се стегне. Откако ќе помине потребното време, почнете со матење на слатката павлака. Неа матете ја според упатството за употреба, кое го има на самата ќесичка.

Откако слатката павлака ќе биде готова, извадете ја тортата од фрижидер и декорирајте и ја целата површина со добиената смеса од слатката павлака. На крај, украсете по ваша желба.

Пред да ја јадете тортата, препорачливо е да ја оставите да отстои во фрижидер најмалку 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот