Бејтулаи: Може многу да се научи од Пандев, целта е пласман на ЕП 2020!

фото: twitter.com/helsingborgsif

„Не сум тип што зборува за моите квалитети, туку попрво би ги покажал на теренот. Оние што гледаат можат да направат проценка како јас играм“ вели Бејтулаи.

Оваа зима Егзон Бејтулаи се раздели со Шкендија и одлучи кариерата да ја продолжи во странство, поточно во редовите на шведскиот клуб Хелсингборг.

Во интервјуто за шведскиот веб портал „fotbollskanalen.se“ говореше за својот нов клуб, условите во македонскиот фудбал, шансите на нашата сениорска репрезентација за учество на Евро 2020.

– Го проверив клубот на Хелсингборг, видов има добри навивачи, објекти. Се заинтересирав и мислев дека ќе биде добро за мене. Се чувствувам многу добро, веднаш се прилагодив луѓето добро ме примија во тимот и веднаш почнав да тренирам. Не сум тип што зборува за моите квалитети, туку попрво би ги покажал на теренот. Оние што гледаат можат сами да направат проценка како јас играм – рече Бејтулаи.

Вкупно седум сезони помина во Шкендија, освојувајќи две титули во првенството и една во купот.

– Во Македонија се игра добар фудбал. Може да расте и понатаму доколку плановите и објектите се подобрат. Луѓето кои имаат клубови во Македонија треба да покажат повеќе и да ги погледнат шведските примери.

фото: ФФМ

Македонија преку УЕФА Лигата на нации ја има историската шанса за првпат да учествува на едно големо натпреварување во сениорска конкуренција.

Во Скопје на 26 март ќе го пречека Косово, доколку триумфира во финалето на 31 март ќе игра против Грузија или Белорусија на гостински терен.

Бејтулаи кој во 2017 година со младата селекција играше на У21 Европското првенство во Полска, вкупно 11 пати досега го носеше сениорскиот дрес.

– Убаво е да се биде во националниот тим и да играте со добри фудбалери. Мислам дека сме добра репрезентација, нашиот капитен Горан Пандев е искусен и сеуште добар. Од него можеме многу да научиме. Целта е пласман на Европското првенство 2020, целта на сите играчи и навивачите во Македонија. Исполнети со страст да го дадеме максимумот во тој бараж и успееме да се најдеме на континенталниот собир наредното лето – додаде дефанзивецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот