Бејтулаи потпиша за шведскиот Хелсингборг

твитер

Егзон Бејтулаи веднаш откако ја напушти Шкендија си најде нов ангажман.

 

Македонскиот репрезентативец и поранешен капитен на Шкендија, Егзон Бејтулаи, кариерата ќе ја продолжи со шведскиот шампионат во екипата на Хелсинборг. Бејтулаи откако успешно ги помина лекарските прегледи, потпиша двегодишен договор со шведскиот тим.

– Многу сум среќен што започнувам нова авантура во мојата кариера и тоа во Хелсинборг, клубо со одлични навивачи. Чувствував дека ова е вистинското време да играм во странство и покрај многуте понуди што дојдоа на моја адреса. Со Хелсингборг релативно брзо и успешно ги завршивме разговорите. Едвај чекам да се приклучам на тимот – рече Бејтуали по потпишувањето на договорот.

За Бејтулаи ова ќе претставува прво интернационално искуство, откако последните шест ипол години ги помина во дресот на Шкендија. Тој е стандарден член на македонската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот