Беџети: Во Сарај има уште дивоградби, но имаме доволен буџет за нивно рушење

Фото Архива на СП

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети во одговор на новинарско прашање посочи дека во општината се уште има дивоградби и оти продолжуваат со нивно рушење. Тој не наведе колкава е бројката на дивоградбите, бидејќи, како што рече, уште не ги решиле сите актуелни барања за легализација.

– Секако дека има. Со самиот чин дека Владата го продолжи рокот бидејќи општините не постигнаа да ги решат сите барања од првичниот закон и дополнително новото законско решение има и во Сарај и ќе постапиме согласно законските прописи бидејќи и не гледам друга алтернатива. Немаме точна бројка. Не можам да дадам точна бројка бидејќи не сме ги решиле актуелните и не можам да дадам точна бројка бидејќи и од актуелните се случува да ги одбиеме оние не ги исполнуваат условите од различни причини и ние не ќе можеме да оспориме и со новото законско решение да поднесуваат, но барање кај што претпоставувам пак истото, но бројката варира. Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме. И затоа се одбиени, рече Беџети при пуштањето во употреба на патниот правец 1 до паркот во Сарај.

Одговарајќи на новинарско прашање, Беџети истакна дека имаат доволен буџет за рушење на дивоградбите, но не прецизира бројка.

– Токму тоа зошто немаат законска основа и се одбиени од страна на општината. Тоа е веќе во друга фаза. Секоја странка во матичната општина можете да се жалите до Министерството за транспорт, па да се врати во општината, па пак во Министерството, па во управна постапка итн. не е во моја надлежност да предвидам колку ќе траат понатамошните постапки. Доволен е буџетот на општината, наведе Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот