Барселона тоне во поголеми проблеми, не може да ги регистрира фудблерите

epa09127605 FC Barcelona's Lionel Messi (R) and teammates warm up ahead of a Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and FC Barcelona at Alfredo di Stefano stadium in Madrid, Spain, 10 April 2021. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Каталонскиот тим е меѓу најактивните во летниот преоден рок, ги донесе Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Емерсон Ројал. Првите тројца играчи на „Камп Ноу“ пристигнаа бесплатно, додека трансферот на Емерсон Ројал чинеше девет милиони евра.

Но, тука започнуваат проблемите за Барселона и нејзиниот претседател Жоан Лапорта. Лионел Меси е слободен играч, во Барселона се надеваат дека ќе потпише нов договор, но постојат големи проблеми.
Имено, Барселона не може да регистрира ниту еден од новите играчи во својот тим. Како што пишува шпанската верзија на „Гол“, каталонскиот тим го надминал ограничувањето за плати и затоа не може да регистрира ниту еден од фудбалерите кои ги донесе ова лето, а тука  е и Меси доколку потпише нов договор.

Барселона мора да ги намали трошоците за 200 милиони евра до крајот на годината и веќе започна со продажба на фудбалерите. Клубот досега го напуштија Конрад де ла Фунте, Жан-Клен Тодибо и Жуниор Фирпо, но исто таа големи главоболки им задава Матеус Ферандес кој планира да го тужи клубот. Бразилецот на „Камп Ноу“ пристигна за 10 милиони евра, но одигра само 17 минути и сега планира да ја тужи Барселона поради незаконски раскин на договорот.
Покрај тоа на листата на отстрел се наоѓаат и играчите со големи договори како Мирален Пјаниќ, Самуел Умтити и Фелипе Кутињо додека на трансфер листата ќе биде ставен и Антоан Гризман.

На Гризман му е отворена вратата да си замине од Барселона

 

Видео на денот